Комисијата препорача да останат на сила досегашните мерки за угостителските објекти и администрацијата

29.01.2021 15:13

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот...

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на Ковид-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати- соопштуваат од Министерството за здравство.