Протест за поддршка на обвинетите во „Монструм“
29.01.2021 15:59
Во говор пред присутните, Бедри Ајдари кој е роднина на еден од обвинетите побара ослободителна пресуда и наведе дека лицата на кои им се суди не се терористи и не го сториле делото.

Протест за поддршка на обвинетите во случајот „Монструм“. Организаторите побараа разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи која на последното рочиште побара судот да им изрече најстроги казни на обвинетите.
Во говор пред присутните, Бедри Ајдари кој е роднина на еден од обвинетите побара ослободителна пресуда и наведе дека лицата на кои им се суди не се терористи и не го сториле делото.
Протестот се одржа во близина на Јавното обвинителство.
