Расчистен случајот со оставеното бебе

17.03.2014 17:18

Шестмесечното бебе оставено на хауба од автомобил се вика Мевљан. Нејзината судбина тргна во друга насока откако МВР го расветли случајот...

На паркингот пред Министерството за финансии каде што на хауба од автомобил беше оставено женското бебе на милост и немилост на минувачите. МРВ го откри идентитетот на сторителот-неговиот татко.

Биолошкиот татко, алкохоличар, завчера околу полноќ го оставил бебето кое што сакал да го искористи за питачење. Ова пред полицијата го изјавила мајката на детето. Целиот немил настан тргнал во погрешна насока откако мајката се скарала со невенчаниот сопруг, по што тој присилно и го зел бебето. На паркингот на улицата „Никола Вапцаров“ го забележале неколку граѓани на кои им делувал сомнително и побарале да застане,а тој во паника го фрлил детето на една од хаубите и избегал. Таткото веднаш бил приведен а МВР против двата родители ќе поднесе кривични пријави.

„Ќе поднесеме соодветини кривични пријави за повеќе дела против родителите на ова дете, семејно насилство, запуштање на дете и предизвикување опасност“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Лекарите од Детската клиника веќе втор ден внимаваат на малата Мевљан. Таа брзозакрепнува, но процесот на психофизичко закрепнување ќе потрае. Сите испитувања покажаа дека освен физичкиот дел кој што го претрпел најверојатно од ударот, веќе е во постепена санација.

Министерството за труд и социјала веднаш иницираше одземање на детето,а истрагата на МВР дополнително ќе утврди дали тоа ќе биде одземено само од таткото или од двајцата родители. Ако истрагата резултира со вина на двата родитела,Мевљан ќе биде згрижена во дом или хранителско семејство. До крајот на истрагата бебето ќе биде згрижено во битолскиот Дом за доенчиња.

 

Александра Перевска