Нови 302 случаи со Ковид-19, починати 10 лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515.

Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид- 19, од кои 165 се во Скопје- информира Министерството за здравство. Починале 10 лица, пет пациенти од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје. Истовремено, регистрирани се 444 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515.
Досега во земјата се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид-19.
