Подготвени листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат

31.01.2021 13:15

Според утврдениот национален план за имунизација на населението вакцинацијата ќе се спроведе во три фази, соопшти министерот за здравство Филипче. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин“.

Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници. Во оваа фаза предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Во втората фаза, предвидено е да се вакцинираат групите на постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход кои не се опфатени во првата фаза, лица на возраст од 65 години и постари.

Во третата фаза, опфатени за вакцинација се приоритетните групи: останати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството, останати вработени во образование (основно, средно и високо), социјалните групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција затоа што не се во состојба да одржуваат физичка дистанца, здравствените работници со низок ризик да стекнат и пренесат инфекција и здравите лица на возраст од 30-64 години.