Стоматолозите бараат да бидат во петтиот сет владини мерки

31.01.2021 13:26

Стоматолозите во земјава бараат да се најдат во петтиот сет владини економски мерки за помош во пандемијата, зашто дури до 70 насто трпат штети и се на работ на егзистенцијата. Како една од најзагрозените медицински професии, оневозможени да ги исполнат условите поради зголемениот бод за капитацијата, се најдоа во крајно незавидна ситуација. Од Владата очекуваат одговор на барањата за директна финансиска помош за исплата на бруто минималните плати на вработените и ослободување од фискалните и пара-фискалните давачки...

Приватните стоматолози во земјава бараат да се најдат во петтиот пакет владини екомонски мерки за да им се помогне поради ковид-кризата: за исплата на бруто минималната плата за вработените и ослободување од фискалните и пара-фискалните давачки. Зголемувањето на капитациониот бод на крајот на 2019 година, сметаат стоматолозите, ги доведе во незавидна состојба - да не може да ги исполнат условите за помош.

Една од најризичните медицински професии во дури 70 насто, поради мерките за заштита и ситуацијата, од мај минатата година е доведена до работ на егзистенцијата.

Во декември, македонските стоматолози имаа „он-лајн протест“, но се надеваат дека деновиве ќе добијат одговор на барањата за помош.

Од 1.214, 700 до 800 тимови стоматолози во земјава се во незавидна финансиска ситуција.

Елизабета Митреска