Струмица

„Еуромакс“ ќе ја обжали одлуката на второстепената комисија за пресудата на Управен да стане правосилна

31.01.2021 14:42

Концесионерот на рудникот „Еуромакс Ресурсис“ се пожали дека државната комисија ја занемарила конечната одлука на Вишиот управен суд што е во нивна корист. Во меѓувреме еко активнистите стануваат сѐ погласни околу одлуките за отворање на рудникот во струмичката котлина...

Со соопштение до јавноста деновиве концесионерот на рудникот во Иловица за бакар и злато, „Еуромакс Ресурсис“ се пожали оти државната комисија ја занемарила конечната одлука на Вишиот управен суд што е во во нивна корист, иако Комисијата е одговорна за нејзиното спроведување.

„Еуромакс“ повторно ќе ја обжали одлуката на Државната комисија во Управниот суд и согласно законската регулатива за работењето на владините институции, секоја понатамошна одлука на Управниот суд ќе биде извршна. Согласно правниот совет од нашиот правен тим, друштвото останува убедено во својата силна правна позиција, како и дека постапките на Државната комисија се незаконски, децидни се од „Еуромакс“.

Активистите пак на „Здрава котлина“ кои силно се борат против одлуките за отворање на рудник во срцето на струмичката котлина, велат дека нема да седат спокојни сѐ додека не се официјализира одземањето на концесијата. А барањето на „Еуромакс“ го толкуваат како неосновано.

„Еуромакс“ и во последното соопштение повторно истакнува дека, со реализацијата на проектот Иловица- Штука очекуваат да се создадат речиси 3.000 директни и индиректни работни места и да го зголеми националниот и локалниот БДП.

 

Стојне Митева