РУСИЈА

Апсења на протестите за ослободување на Навални

31.01.2021 14:45

Втор викенд по ред протести низ Русија. Демонстрантите бараат ослободување на опозиционерот Навални. Обезбедувањето е зголемено во стотина градови. Навални останува во притвор до сослушувањето на втори февруари за прекршување на условната казна. Протести се зажани и за тој ден...

Стотици уапсени на масовните протести на Далечниот Исток на Русија против затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Во земјата со 11 временски зони, неговите следбеници најавија собири во најмалку 120 градови. Руското МВР претходно ги предупреди граѓаните да не излегуваат на бидејќи протестот е незаконски. Според федералниот закон, организаторите мораат да го најават протестот однапред  за да добијат дозвола за одржување. Навални и неговата сопруга ги повикаа поддржувачите да не запрат со мисијата.

„Стигнавме до точка на вриење, па станува интересно. Минатиот протест беше страшен, сега ми е забавно да ги гледам полицајците, гувернерот градоначалникот реакцијата на другарот Путин и другите. Штом стане смешно им доаѓа крајот.“

„Кога се родив владееше Путин, па не сакам да умрам под негова власт.“

„Бев на протестот на 23 јануари. Ме интересираше што ќе се случува денеска бидејќи многумина се незадоволни со ситуацијата.“

44-годишниот Навални беше уапсен на 17 јануари откако пристигна во Москва по лекарскиот третман во Германија откако беше отруен со „новичок“. За нападот ја обвини руската влада, но Кремљ ги негира тврдењата за вмешаност, како и за употреба на овој нервен агенс.

Руските власти го приведоа на аеродромот во Москва обвинувајќи го за непочитување на условната казна за проневера со која бил обврзан редовно да се пријавува во полиција. Опозицискиот лидер нагласи дека потегот е нелогичен и политички мотивиран бидејќи на спротивната страна и’ бил воочен фактот за неговото лекување во Берлин.

На втори февруари ќе биде донесена судска одлука за тоа дали неговата поранешна условна казна ќе биде преиначена во затворска.

 

Маја С. Филдишев