ВМРО-ДПМНЕ: Што содржи анексот на договорот?

31.01.2021 16:35

Бучковски ги застапува интересите на Заев, но не и на Македонија. Таинственоста на анексот на договорот загрижува, оценува опозицијата. Премиерот Заев не отстапува од ставот- нема преговори за македонскиот идентитет. Владејачкиот партнер, Демократскиот сојуз повика на изградба на заедничка политичка платформа. На Европа ѝ е битно да не се градат ѕидови меѓу соседите...

Специјалниот преставник на Владата за односи со Бугарија, Бучковски ги застапува интересите на Заев, но не и на граѓаните, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Тие оценуваат дека наместо да го забрза, договорот само го забави евроинтегративниот пат на земјата. И натаму реагираат за тајноста на барањата содржани во анексот.

Најголемата опозициска партија потсети дека тие неколку пати повикале за поквалитетен  договор, за да ја оневозможи Бугарија во остварување на мегаломанските барања кои чепнуваат во идентитетот.

Коалициониот партнер во Владата, Демократскиот Сојуз со став- за одблокирањето на Бугарското вето потребна е државна платформа, поддржана од сите политички субјекти. Истовремено треба да продолжат иницијативите за инфраструктурна, економска и културна соработка меѓу двете земји- порачуваат од оваа партија.

Премиериот на последните пратенички прашање  уште еднаш повтори дека нема преговори за идентитетот.

Специјалниот преставник Бучковски оствари средба со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук на која размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете држави.

„Убеден сум дека многу скоро владите на Бугарија и Северна Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи за ѕидови нема место во нашите односи“- порача Ќучук.

 

Марина Стојанова- Тонева