175 нови случаи со Ковид-19, починати седум лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855...

Во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19, од кои 90 во Скопје, соопштуваат од Министерството за здравство. Регистрирани се 365 оздравени пациенти, а починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (85 и 43г), и по еден од Охрид (83г), Штип (79г), Тетово (67г), Берово (80г) и Велес (74г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.
Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид -19.
