ДПА со обвинувања за ДУИ
„Кога Груевски ги брои реализираните проекти за Македонците, како се чувствувате вие кога не успеавте ниту еден камен да поместите од место за Албанците за овие шест години на власт“, рече Беким Фазлиу...

Уште колку извори на финансирање користи пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ, покрај платата од Собрание од близу 1.000 евра и месечниот хонорар од 500-ни евра што и ги исплаќал министерот за одбрана, Талат Џафери, се тоа на сметка на Албанците, прашаа денеска од опозицската ДПА.
Од партија на Тачи, тврдат дека на истиот принцип се офајдиле и други.
„Кога Груевски ги брои реализираните проекти за Македонците, како се чувствувате вие кога не успеавте ниту еден камен да поместите од место за Албанците за овие шест години на власт“, рече Беким Фазлиу.
Ермира Мехмети одговори дека обвинувањата се неосновани, со цел како што вели, да се оцрни се што како партија направиле за Албанците во Македонија.
Ги повика да проверат кој се има договор како нејзиниот. Освен пратеничката Мехмети ДПА го криткикува и министерот Џафери.
Зошто не магистрирал додека било фицер на Јгословенската армија или во АРМ, тукусега, како што рече Фазлиу, го прави тоа со пари на Албанците.
Додека од ДУИ безуспешно се обидуваат да ги убедат Албанците да нe гласаат за единствениот претседателски кандидат Албанец, ќе мора да дадат отчет за невидената корупција и кражба во нивните редови, додаде Фазлиу.
Милчо Велески
