Предлогот за интерпелација на вицепремиерот Димитров пред пратениците
01.02.2021 09:46
Во Законодавниот дом за 11 часот е најавено второто продолжение на 30-та седница со вкупно 53 точки...

Во Законодавниот дом за 11 часот е најавено второто продолжение на 30-та седница со вкупно 53 точки. Меѓу нив е и интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров поднесена од 37 пратеници на опозицијата.
Истовремено е најавена и седница на Комисијата за финансирање и буџет на која ќе се расправа за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој од Вашингтон по договорот за заем за финансирање на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка во второ читање.
