ЕК: АстраЗенека ќе испорача уште 9 милиони вакцини

01.02.2021 10:36

Испораките ќе почнат една недела порано од предвиденото, а најавено е и проширување на производните капацитети во Европа. Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината од британско-шведската компанија која соработува со Универзитетот Оксфорд.

Претседателката на Европската комисијата Урсула фон дер Лајен изјави дека во првиот квартал „АстраЗенека“ ќе испорача 9 милиони дополнителни дози на вакцини против ковид-19.

Испораките ќе почнат една недела порано од предвиденото, а најавено е и проширување на производните капацитети во Европа. Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината од британско-шведската компанија која соработува со Универзитетот Оксфорд.

Дозволата се однесува на употреба кај населението постаро од 18 години, а по одобрувањето на Агенцијата, употребата на вакцината во Европската унија треба да биде потврдена од Европската комисија.