Кисељов: „Русија е способна да ги претвори САД во радиоактивен пепел“

17.03.2014 17:37

Ден по референдумот на Крим, Врховниот совет усвои резолуција за независност и се обарти до Москва за прием на Крим во составот на руската федерација.

Украина прогласи делумна мобилизација а Унијата овој референдум го прогласи за незконски и воведе санкции кон Москва.

Успешен референдум на Крим, каде што мнозинството граѓани со 96 насто се изјаснија дека сакаат да живеат заедно со русите. Во руската „Дума“ почна правниот процес за потпишување на договорот меѓу Москва и новата кримска држава. Властите соопштија дека на полуостровот од денеска е воведена руската рубља. Украинските парламентарци коишто очекуваат помош од Западот, донесоа декрет за спроведување делумна мобилизција на околу 40 илјади резервисти кои засега се распоредени во вооружените сили.

„А зошто референдум за припојување на Крим  не се одржа и во Русија“ се запраша еден украиснки граганин.

„Времето го кажа своето, нашите браќа се вратија таму каде што им е местото“, во Русија изјави жител на Москва.

Освен Москва, никој не го признава  реферндумот. Претседателот Обама на Путин му рекол дека ги поддржува санкциите на европските парнери и дека доколку Путин на дипломатки начин не ја реши кризата, тогаш  руската војска ќе мора да ја напушти украинската терироија. Брисел пак денеска воведе санкции, Списокот на лицата е порширен за забрана за издавање визи и замрзнување на имотот како на лица  од најблиското  опкружување на Путин така и на оние коишто се одговорни за организирње на реферндумот на Крим. 

„Испраќаме јасен сигнал до Русија дека мора да го почитува мегународото право“, изјави Кетрин Ештон - висок претставник за надворешна политика и безбедност. 

Додека светската јавност е во исчекување како Москва,Вашингтон и Брисел ќе ја решат најголемата криза во односите мегу Истокот и Запададот по окончувањето на биполаризмот, необична порака упати познатиот руски новинар на државната телевизија во обидот да појасни зошто Америка поради украиснката криза живее во страв од Русија и од Путин.  

„Денес Русија е држава која е навистина способна да ги претвори САД во радиоактивен пепел“, нагласи Дмитриј Кисељов новинар на „ТВ Росија 1“.

Според оценките на економистите,  руските вложувања на Крим најверојтно ке ги надминат гиганските трошоци од 50 милијарди долари што беа потрошени за Зимските Олимписките игри во Сочи.

 

Мирјана Васлиева