ВМРО-ДПМНЕ: Како Шилегов успеа да стекне имот од 500 илјади евра?

17.03.2014 17:47

За владеачката партија е чудно како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23 илјади денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари...

Шилегов поседува трикатна куќа, од 313 метри квадратни, автомобили Мерцедес и Ауди, но и стан од 88 метри квадратни во вкупна вредност од половина милион евра, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

За владеачката партија е чудно како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23 илјади денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари.

„Тоа што Шилегов и СДСМ упорно молчат, потврдуваат дека Петре Шилегов не го стекнал своето богатство со обична плата, туку го стекнал на друг начин. Зарем СДСМ вака ја замислува средната класа која ја промовира во својата програма“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за јавни набавки одлучуваше по 3.500 жалби за јавни набавки а вмро- дпмне што покажува 20 или 30 е нивни проблем – одговори  шилегов

„Зборуваат за нешто што е затворена пред 10-тина години, така што не гледам било каква логика и смисла да се расправа за таа работа“, изјави Шилегов.

Шилегов не одговори за својот имот, но изнесе нови обвинувања за високи владини функционери. Во ВМРО-ДПМНЕ констатираат дека со примањата на Шилегов и сопругата од околу 33.000 денари, на едно семејство му се потребни 83 години да стекне толкав имот.

 

Миле А. Ристевски