Цената на горивата останува иста

01.02.2021 13:26

За половина денар поевтинува само нафтата за домаќинствата, ќе се продава за 41 денар, покачување на цената за 0,168 денари има кај мазутот.

Нема да има промена на цената на горивата - бензинот и  дизелот од полнок ќе се продаваат по иста цена, одлучи Регулаторната комисија. За половина денар поевтинува  само нафтата за домаќинствата, ќе се продава за 41 денар, покачување на цената за 0,168 денари има кај мазутот.

Во изминатите  седум дена референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152%, велат од комисијата.