Трамп ангажираше двајца нови адвокати за процесот за отповикување во Сенатот

01.02.2021 13:56

Судењето во кое е обвинет за „поттикнување бунт“ по упадот на неговите приврзаници во Конгресот, треба да почне идната недела...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за процесот за отповикување во Сенатот. Судењето во кое е обвинет за „поттикнување бунт“ по упадот на неговите приврзаници во Конгресот, треба да почне идната недела.

Одлуката за промена на правниот тим беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.