Месната индустрија бара да се вратат ваучерите „Купувај домашно“
Намалена потрошувачка и повеќе од 20 насто вишок во производството на свинско месо во време на пандемијата, бележат фармерите. Бараат владата преку мерката „Купувајте домашно“ да ги стимулира граѓаните да купуваат свежо месо и преработки.

Фармерите се соочуваат со вишок свежо свинско месо поради намалена потрошувачка од страна на граѓаните и ограничено време на работа на угостителите. Бараат помош од државата. Да се вратат ваучерите „Купувај домашно“ за да се стимулираат потрошувачите да купуваат поголеми количества. Месната индустрија реагира- четвртиот и петтиот пакет мерки нема да имаат ефект , парите на сметка се користат за различни намени, мал дел за месни преработки.
Во месната индустрија вишок свинско место се јавува вообичено во време на постите пред Божик, но проблемот се решавал со комората и надлежните. Според проценките, пандемијата за 20 проценти го намалила производството и на месо и преработки.
Производителите на свинско месо се надеваат годинава да се тргне и забраната за извоз во Европската унија и да може слободно да пласираат на странскиот пазар, во меѓувреме очекуваат апелот за поддршка да се најде во петтиот пакет мерки, за кој во комората велат дека сѐ уште е во фаза на креирање и усогласување меѓу бизнис еснафот и владата.
Деновиве се очекува да биде обелоденет петтиот пакет мерки за поддршка на најпогодените бизниси, за кој од буџетската каса се обезбедени 50 милиони евра.
Сузана Фиданска Стоевска
