Близу 160 илјади граѓани пријавиле данок до УЈП за 2013-та
17.03.2014 15:34
Според последните податоци на УЈП, доставени се вкупно 159.502 годишни даночни пријави, од кои 1.290 се испратени електронски...

Речиси 160 илјади граѓани доставиле годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи, односно ги пријавиле своите дополнителни приходи остварени во текот на 2013 година.
Според последните податоци на УЈП, доставени се вкупно 159.502 годишни даночни пријави, од кои 1.290 се испратени електронски.
Денеска е последниот ден до кога може да се пријават приходите. Годишните даночни пријави може да е достават до во даночните канцеларии на УЈП, Контакт центарот на УЈП во Градскиот трговски центар каде може да достават пријава и граѓани кои не се од Скопје а престојуваат привремено во Скопје, како и во мобилните канцеларии на УЈП.
Се очекува до УЈП до крајниот рок да се достават 170 илјади годишни даночни пријави, слично како и минатата година.
Годишна даночна пријава се поднесува доколку во текот на 2013 година покрај платата или пензија, физичкото лице остварило дополнителни приходи по основ на кирија, хонорар од авторски договор, добивка од наградна игра и слично.
