Продолжува бојкотот на дел од матурантите
Продолжува бојкотот на наставата на дел од матурантите. Сојузот на средношколци, поддршка за своите барања, меѓу кои се наместо четири да се полагаат два предмета, побара од пратениците. Министерството останува на ставот – роковите се поминати, законска обврска е да се организира матурата. Загубените часови ќе се надоместуваат...

„Брањата на средношколците во ниту случај не смеат да добијат политичка димензија. Овие барања не засегаат сите нас“- порача претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи по средбите во Собранието со пратеници од повеќе политички партии. Најави дека бојкотот на наставата на дел од матурантите ќе продолжи сè додека надлежните не прифатат да разговараат за намалување на бројот на испити поради состојбата со пандемија.
Ходаи информираше дека од претседателката на Комисијата за образование, Жаклина Лазаревска од СДСМ јасно им било кажано дека нема отстапувања од утврдената регулатива за полагањето на државната матура. Сојузот доби поддршка од Коалицијата на Алијансата и Алтернатива, како и од ВМРО- ДПМНЕ, кои им ветија дека институционално ќе ги канализираат нивните барања. Поддршка стигна и од Левица.
Министерката за образование, Царовска тврди дека државата има обврска да ја организира матурата. Роковите се поминати, се пријавиле повеќе од 14 илјади ученици. Таа посочи дека изгубените часови поради бојкотот на наставата ќе се обработуваат.
Сојузот бара Собранието да организира јавна расправа и законски измени за државната матура кои ќе важат само за оваа учебна година.
Марина Стојанова- Тонева
