Различни позиции за претстојниот попис

01.02.2021 16:16

Од СДСМ тврдат дека преку комбинираниот модел ќе се спроведе операција согласно со препораките на Обединетите нации и на Евростат.

Власта и опозицијата на различни позиции за претстојниот попис. Од СДСМ тврдат дека преку комбинираниот модел ќе се спроведе операција согласно со препораките на Обединетите нации и на Евростат.

„Со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен, со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците што се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази“, објаснуваат Социјалдемократите.

Според нив, само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци. А, токму ова го бара ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, одбивањето да се спроведе електронски попис е доказ дека власта подготвува фалсификат.

„Електронскиот попис ќе значи и заштеда на финансиски средства и поголема заштита на здравјето на граѓаните, во време на пандемијата“, велат опозиционерите.