61 нов случај со Ковид-19, починати 11 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.

Во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на Ковид-19 во, од кои повеќе од половината во Скопје. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 440 оздравени пациенти, а починати се 11 лица- сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.
Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид -19.
