„Учи паметно- работи стручно“

Образованието да продуцира стручен кадар за реалниот сектор

01.02.2021 16:45

Средните стручни училишта од идната година ќе понудат програми за едукација на кадар, којшто ќе може да одговори на потребите на реалниот сектор. Решение се бара во соодветна практика и во стипендирање на дефицитарниот кадар...

Месари, бравари, заварувачи, машински и електротехничари, а во источниот регион и текстилни работници и рудари се најдефицитарните кадри, според анализата на Стопанската комора на Македонија, која покажаува дека 65 насто од компаниите се соочуваат со недостиг на стручен кадар. Се намалува продуктивноста и ликвидноста на компаниите и затоа бараат нови програми во средните стручни училишта, но и квалитетна пракса со парична надомест за учениците.

Општините и средните училишта активно се вклучени во надминување на овој проблем. Стопанството со години се соочува со недостиг на стручен кадар, а за мотивација на идните средношколци, министеката за образование Мила Царовска најави и стипендирање на дефицитарните кадри од идната училишна година.

 

Славица Величковска