Црн ким- семе што лекува

01.02.2021 17:04

Делува буквално на целиот организам, така што исклучително брзо го јакне имунитетот, па така оној што го конзумира како масло од црно семе или пак со мед има отпорност кон речиси сите болести, па дури ги уништува и канцерогените клетки.

Црното семе или црниот ким е билка која што расте во топли краишта, најмногу во Египет , Индија, Иран, а нејзините лековити својства се познати неколку илјади години. Пронајден е дури и во египетските пирамиди покрај мумијата на фараонот Тутан Камон. Во некои верски записи се вели дека е билка за сите болести освен за смртта. Делува буквално на целиот организам, така што исклучително брзо го јакне имунитетот, па така оној што го конзумира како масло од црно семе или пак со мед има отпорност кон речиси сите болести, па дури ги уништува и канцерогените клетки.

Најквалитетното масло од црно семе го има во Египет. Иако неговите лековити својства се познати одамна, во современата медицина се практикува од пред четириесеттина години, по бројни научни и клинички истражувања, особено на пациенти со канцер. Најмногу се користи во Азиските земји.

Малите црни семчиња во себе содржат многу хемиски елементи, витамини и минерали, кои позитивно делуваат на човечкиот организам. Основна материја на црниот ким е тимохинонот, потоа фолната и други киселини, како и витамините Б1, Б2 и Б3. Од минералите најзастапени се калциум, бакар, железо, цинк и фосфор. Содржи и многу билни протеини. Црното семе е активатор на интерфероните, материи кои се одговорни за отпорноста на организмот. Така црното семе ги заштитува здравите клетки и ги спречува канцерогените. Научните истражувања покажале одлични резултати кај пациенти со тумори на панкрасот, дебелото црево, на простатата, на дојката, на грлото на матката.

Позитивно делува и на органите за варење. Црните семчиња немаат посебен мирис, но одлични се за подуеност на цревата и гасови во желудникот, Помага при подобро варење и перисталтиката на цревата. Делува против пролив, хемороиди и затвор. Има и антипаразитско својство, па затоа маслото од оваа чудесна билка се користи за чистење на цревата од паразити. Го стимулира создавањето на урина и предизвикува често мокрење, при што организмот се прочистува од токсини.

Го смирува и надразнетиот нервен систем, помага при лекување на голема( црна) кашлица, Црното семе се користи и како релаксатор зашто ја враќа енергијата на телото.

Благотворно е за астма и бронхитис, Се користи за неплодност, за потенција, за подобрување на менструалниот циклус и за зголемена лактација кај доилките. Лекарите докажале дека е ефикасен и за тумори и апцеси на очите, за алергии и разни кожни промени, како на пример за разни екземи па дури и псоријаза. Најчесто за ова се користи маслото од црниот ким. Докажано е позитивно дејството врз коскената срж, односно создавање коскени клетки за 250% повеќе, а намалување на туморските клетки за 50%.

Црниот ким е природен лек против автоимуни заболувања,(состојба во која имунолошкиот систем своите клетки ги препознава како страни тела и ги уништува). Се користи при лекување леукемија, артритис, реума и разни воспалителни процеси.

Една стара еврејска изрека вели дека црниот ким ја враќа хармонијата во телото. Тој нашол место и како зачин во многу кујни, особено азиските. Заедно со други семки се додава во леб и во други пецива, може да се јаде и свеж во разни салати. Се користи и за козметички цели. Маслото од црното семе се додава во веќе готови креми или пак од него заедно со пчелин восок се прави природна крема која ја регенерира кожата. Чајот од ова волшебно растение се користи за опуштање и за проблеми при варењето на храната во целиот гасроинтестинален систем. Имунолошките реакции се однесуваат и на препознавање и елиминирање на разни вируси и бактерии. Маслото од црниот ким е имономодулатор, го стимулира создавањето на лимфоцитите Б и Д. Треба да се зема најмалку 3 месеци, 3 пати на ден по 20 капки по јадење. Особено е препорачливо пред сезоната на грип и настинки.

Од сето наведено може да се заклучи дека црниот ким или семе вреди да се користи и како превентива, но и за лекување на многу болести, на природен и научно дакажан начин.

Соња Стојановска