Игор Спасов уапсен во Софија

02.02.2021 09:36

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски наоди. Откако не се вратил во казнено- поправната установа, по него е распишна меѓународна потерница.

Во Софија е уапсен специјалецот Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски, потврдуваат од МВР. По апсењето од бугарската полиција, тој ќе биде во екстрадициски притвор, а Министерството за правда треба да ја почне постапката за екстрадиција.

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски наоди. Откако не се вратил во казнено- поправната установа, по него е распишна меѓународна потерница.

Спасов е осуден е на 14 години затвор за претепување на Нешковски во 2011 година на Плоштадот „Македонија“.