Ковид-19

СЗО: Пандемијата може да се контролира

02.02.2021 10:47

Организацијата објави дека бројот на нови случаи на коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Глобалното намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19 укажува дека вирусот може да се контролира без оглед на неговите мутации, истакна генералниот директор на Светската здравствена организација, Гебрејесус.

Организацијата објави дека бројот на нови случаи на коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Гебрејесус оцени дека новиот тренд покажува дека е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко дистанцирање, покривање на лицето и одржување на хигиената.