Русија

Денеска одлука за Навални

02.02.2021 11:31

Руското обвинителство соопшти дека го поддржува барањето за претворање на условната казна на Навални во затворска казна.

На судско рочиште се очекува да биде разгледана можноста за претворање на условната казна на опозиционерот Алексеј Навални во затвор од 3 и пол години поради наводно кршење на условната слобода.

Руското обвинителство соопшти дека го поддржува барањето за претворање на условната казна на Навални во затворска казна.

Рускиот опозициски политичар е во притвор во траење од 30 дена, обвинет за кршење на условите за условна казна за проневера во случај за кој, како што тврди, бил лажиран.

Најавени се нови протести за поддршка на Навални.