„Форбс“: Македонија бисер на Балканот

17.03.2014 23:21

Порталот „Економски Лидер“ ексклузивно ја објави статијата за Македонија напишана од угледниот светски магазин „Форбс“. Во мартовското издание во специјална едиција посветена на државата, „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид...

Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за 3 % оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај Дуинг Бизнис за 2013-та ја рангираше државата на високо 25–то место во светот за водење бизнис, а особено високо оценки имаше за зголемениот прилив на странски инвестиции, како и лесниот пристап до кредити, пишува „Форбс” во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Македонија, што ексклузивно ја пренесе порталот „Економски Лидер“.
 
Ние сме најотворената економија во регионот, вели во изјава за „Форбс“, министерот за надворешни работи работи Никола Попоски. Пренесувајќи кус разговор со министерот, магазинот пишува дека според индексот на економска слобода, објавен од Херитиџ Фондацијата во 2014 година, како и „Волстрит журнал“, Македонија е рангирана на првата позиција во регионот на Југоисточна Европа и на 43 место во светот, а економската слобода е добар индикатор за потенцијален раст.
 
Ветува и напорот на земјата за промоција на иновациите. Согласно Стратегијата за промоција на иновациите за периодот 2012 – 2020 која беше донесена во мај минатата година, беше основан Фонд за иновации и технолошки развој. Иницијативата за создавање на овој Фонд беше поддржана и од Светската банка со финансиска поддршка од 8 милиони евра во првите три години.
 
„Географската положба е една од нашите главни адути.Ние сме централно позиционирани во Југоисточна Европа и единствената земја без јазични бариери со нашите соседи. Во овие услови, би ги споредил Македонија со Швајцарија и Австрија: мали земји, но со интерес за водење бизнис со своите соседи“, вели Поповски за „Форбс”, пренесува „Лидер“.
 
„Бисер на Балканот“, вака е опишана нашата земја од страна на Форбс...