Влада - Светска банка: Човечкиот капитал е приоритет
На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во постковид- периодот.

Министерот Бесими, министерките Шахпаска и Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на владата и од Министерството за здравство, одржаа онлајн-состанок со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во постковид- периодот.
Беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област.
