Продолженија на две седници во Собранието
Во рамките на 28-та седница ќе се решава за преостанатите предлог-закони од економијата, изменувања и дополнувања на законот за даночна постапка, законот за регистрирање на готовински плаќања и на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување...

Во собранието денеска продолженија на две седници. Ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони. Во рамките на 28-та седница ќе се решава за преостанатите предлог-закони од економијата, изменувања и дополнувања на законот за даночна постапка, законот за регистрирање на готовински плаќања и на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и измени на законот за игрите на среќа и за забавните игри - сите во прво читање.
На дневен ред, на седницата е и предлогот на законот за реализација на проектот „Нов универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, кој се носи по скратена постапка.
На 29-та седница ќе бидат опфатени неколку точки на дневен ред, меѓу кои се и предлог на законот за задолжување, со заем кај Меѓународна банка за обнова и развој - Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за унапредување на основното образование.
