Снежна бура го погоди источниот брег на САД

02.02.2021 13:40

Снежна бура го погоди источниот брег на САД. Вонредна состојба е прогласена во градовите Њујорк и Њу Џерси. Невремето предизвика тешкотии во сообраќајот. Луѓето излегоа на улиците да уживаат во снежната идила, иако властите предупредуваат да останат во домовите.

Голема снежна бура го погоди источниот брег на САД. Прекини има во авионски летови, затворени се центрите за вакцинација, а животот во градот Њујорк е во застој. Метеоролозите наведуваат дека за многу краток временски период во делови на Њу Џeрси и Пенсилванија, снежната покривка достигнала висина од 48 сантиметри.

Луѓето излегоа на улиците да уживаат во снежната идила. Скијаа и се санкаа по улиците, иако властите предупредуваат да се останат во своите домови.

„Заради снегот излегов надвор од куќата. Редно време беше да се случи нешто.“

„Мислам дека снегот го крева расположението. Им носи радост на луѓето. Има нешто посебно во тоа.“

Вонредна состојба поради лошите временски услови е прогласена во градовите Њујорк и Њу Џерси.

„Има многу снег овде на Тајмс Сквер. Луѓето се надвор. Гледаме деца како трчаат наоколу и се маваат со снежни топки. Едноставно сите уживаме.“

„Јас сум од Калифорнија и вакво нешто таму не се случува. Ова за мене е нешто прекрасно бидејќи немам многу можност да го гледам.“

Патувањата помеѓу региони се речиси невозможни, но луѓето ништо не ги спречува да му се радуваат на снегот.

„Пораснав во Северна Дакота. Таму почнува да паѓа снег уште на почетокот од декември и се задржува до април. Барем така беше порано. Многу го сакам снегот. Прекрасен е.“

„Сега со пандемијата на ковид децата немаат можност да излезат надвор на снег како порано. Забавно му е да биде дете и да си игра во снегот.“

Снежната бура предизвика тешкотии во сообраќајот, а работниците постојано се на терен и го чистат снегот од улиците и тротоарите.

„Знам дека ќе паѓа уште, па ова го правам во смени бидејќи знам дека ќе наврнат уште неколку сантиметри. Колку повеќе паѓа толку е потешко да се исчисти.“

Во најнаселената област во Америка се издадени низ предупредувања, а метеоролозите прогнозираат бура со североисточен ветер кој се очекува да донесе од 30 до 60 сантиметри снег.

 

Марина Ристова