Лицата со хендикеп сѐ уште на маргините на општеството

02.02.2021 14:24

Луѓето со хендикеп сѐ уште се на маргините на општеството. Тие најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во заедницата. Се проценува дека во Македонија околу 200 илјади жители се со инвалидитет. Во Собранието, формирана интерпартиска парламентарна група за правата на овие лица.

Лицата со хендикеп сѐ уште се на маргините на општеството. Тие бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во заедницата. Во Собранието е формирана Интерпартиската парламентарна група за правата на овие лица.

Ова група почна со 15 паратеници, сега има 50. Тие треба да придонесат да се промени погледот и свеста за прифаќање на лицата со хендикеп.

Пратениците велат, ќе работат обединето, приоритет се правата на граѓаните со попреченост. Законските решенија што ќе ги носат треба да им го олеснат секојдневието на овие наши сограѓани.

Се проценува дека во Македонија околу 200 илјади жители се лица со инвалидитет.

 

Наташа Јанчиќ Менковски