Велес

Коцевски: Пописот е клучен за планирање и развој на иднината на државата

02.02.2021 14:46

„Спроведувањето на пописот е клучен за планирање и развој на иднината на државата“, вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Граѓаните што зборуваа пред камерата на МТВ се надеваат дека статистичката опреација ќе помине успешно. Општините ќе имаат клучна улога во реализацијата...

Општините ќе имаат клучна улога во реализацијата на претстојниот попис во април годинава, изјави градоначлникот на Велес, Коцевски, додавајќи дека спроведувањето попис е клучен за планирање и развој на иднината на државата. Според Законот за попис, Велес е седиште на 18-от пописен реон во кој се опфатени општините Велес, Градско и Чашка.

Со пописот ќе бидат опфатени лица, домаќинства на лицата и станови и други населени простории. Граѓаните се надеваат дека овој пат успешно ќе се реализира пописот.

Минатата недела градоначалниците остварија средба со државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, каде било укажано на значењето на оваа сложена статистичка операција.

Според последниот попис во 2002-ра година на територијата на  Општина Велес  живеат 55.108 жители. Додека, пак во 2011-та година пописот не се реазлираше успешно.

 

Памела Цилаков