Минатата година Кривичниот суд завршил 44.040 предмети

02.02.2021 14:49

Минатата година Кривичниот суд завршил 44.040 предмети, а оваа година првостепена разрешница ќе чекаат 19.420 случаи. Во 2020-тата во прва инстанца се заокружени 2.009 случаи постари од две години...

Минатата година Кривичниот суд завршил  44.040 предмети, а оваа година првостепена разрешница ќе чекаат  19.420 случаи. Во 2020-тата во прва инстанца се заокружени 2.009 случаи постари од две години. Ова на брифинг со новинарите  го соопшти претседателот на судот Иван Џолев.

Во однос на пресудите, минатата година во Одделението за организиран криминал изречени се 148 затворски кази, 134 условини, 1 парична и 40 ослободителни пресуди. Еден предмет е евидентиран како застарен.

Џолев оцени и дека Кривичниот суд го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети, што е показател, за како што вели, ажурноста на судот.