Пеинтер: На самитот на НАТО да се исправи грешката направена кон Македонија

18.03.2014 09:15

Според американскиот аналитичар од Труман Безбедносниот проект и институт, Сали Пеинтер, Македонија е квалификуван и предан партнер на кој Алијансата може да се ослони, но се уште поради спор со името со една земја членка е надвор од НАТО, грешка што сојузниците имаат шанса да ја поправат на престојниот самит во 2014-та...

Историјата се повторува во Украина. Кризата ги открива тешките лекции за НАТО од самитот во Букурешт, вели американскиот аналитичар од Труман Безбедносниот проект и институт, Сали Пеинтер.

Според Пеинтер, Македонија е квалификуван и предан партнер на кој Алијансата може да се ослони, но се уште поради спор со името со една земја членка е надвор од НАТО, грешка што сојузниците имаат шанса да ја поправат на престојниот самит во 2014-та.

„Европа и соседите се соочуваат со кризи, од Шпанија и Грција до Украина. 2008-та беше година кога почна стагнацијата на НАТО проширувањето, што ја загрозува стабилноста на Европа. Во Букурешт, НАТО дозволи Грција да стапи вето на проширувањето со Македонија, и одби да ги вклучи Грузија и Украина во Акционите планови за членство. Како последица на ова, се случи агреесијата врз Грузија, а сега и врз Украина. Нато треба да се засрами што дозволува членството на Македонија  неколку пати да се задржува поради една земја членка и што Македонија како квалификуван, предан партнер на кој Алијансата може да се ослони е се уште кандидат поради спор со име“, вели американската аналитичарка од Труман безбедносниот проект и институт, Сали Пеинтер, во натписот од 17-ти март 2014-та.

Според неа, во случајот на Македонија најмногу се покажува слабоста и преземањето водство на САД во НАТО.

„Се чини Алијансата не научи ништо од случајот со Македонија иако има пресуда од Меѓународниот суд за правда дека Грција не смее да го блокира членството на Македонија во НАТО. Лидерите на САД и ЕУ се уште имаат шанса да ја поправат нивната грешка што предизвика катастрофални последици во Европа на самитот оваа година“, вели американскиот аналитичар Сали Пеинтер.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник на МРТ од Вашингтон