Русија
Навални осуден на 3,5 години затвор
03.02.2021 10:05
Околу 1.400 луѓе беа приведени на протестите во Русија за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Околу 1.400 луѓе беа приведени на протестите во Русија за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Тој е осуден на 3 и пол години затвор за непочитување на условната казна во случајот за проневера, за кој тврди дека е политички мотивиран.
Во јануари се врати во Русија по неколкумесечен лекарски третман во Германија откако беше отруен со нервен агенс.
Според него, нападот со новичок бил нарачан од претседателот Владимир Путин, но Кремљ ги негира обвинувањата. ЕУ, САД и Британија ја осудија пресудата и побараа негово итно ослободување.
