МВР: Сузбиена група што крадела од банкомати

03.02.2021 10:08

По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.

Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за насилен криминал вчера околу 04 часот во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар.

По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.

Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.