Почна постапката за екстрадиција на Игор Спасов

03.02.2021 10:14

По известувањето од МВР дека Спасов е пронајден и приведен во Софија, македонските власти почнаа со собирање на документацијата потребна за негово враќање во земјата.

Министерството за правда ја почна постапката за екстрадиција на Игор Спасов кој е правосилно осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. По известувањето од МВР дека Спасов е пронајден и приведен во Софија, македонските власти почнаа со собирање на документацијата потребна за  негово враќање во земјата.

Имаат рок од 40 дена да ги испратат, по што ќе се чека одговор од бугарска страна. На Спасов му остануваат уште 7 години и 3 месеци до издржување  на казната за убиството извршено на 5 јуни 2011 година. По него се трага со меѓународна потерница од октомври 2019-та година кога беше пуштен од  затвор поради лекување, но не се врати.