Ковид-19
ЕУ ќе бара негативен тест за влез во блокот
03.02.2021 10:19
Членките на блокот може да бараат и 14-дневен карантин и дополнителни испитувања за ковид, особено од земјите во кои се откриени мутациите.

Европската унија ќе бара негативен тест за ковид-19 за сите патувања од трети земји. Исклучок од ова правило ќе бидат вработените во морепловството, транспортот и граничните служби кои ќе можат да влезат со брз антигенски тест.
Членките на блокот може да бараат и 14-дневен карантин и дополнителни испитувања за ковид, особено од земјите во кои се откриени мутациите.
Во официјален Брисел се утврдени и условите под кои може да се укинат ограничувањата за патувањата во рамките на Унијата кои не се неопходни.
