Завршни зборови на одбраната за случајот „Монструм“
Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година...

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам“, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам“ од обвинение е ослободен Сами Лута.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
