Пропаднаа преговорите за влада во Италија

03.02.2021 11:18

Претседателот на Претставничкиот дом Роберто Фико не е оптимист за брзо решение, нагласувајќи дека кај партиите постојат дијаметрално спротивни ставови.

Пропаднаа преговорите меѓу партиите на владејачката коалиција во Италија за формирање  нов кабинет. Претседателот на Претставничкиот дом Роберто Фико не е оптимист за брзо решение, нагласувајќи дека кај партиите постојат дијаметрално спротивни ставови.

Претседателот Серџио Матаралеа се надева на влада која би добила голема поддршка во Парламентот.

Премиерот Џузепе Конте поднесе оставка откако од коалицијата се повлече клучната партија „Италија Вива“ предводена од неговиот претходник Матео Ренци поради спор околу економијата и пандемијата со Ковид-19.