Енергетика
РЕК Битола го стави во функција Блок 1
03.02.2021 12:06
Ископот на јаглен во рудникот „Суводол“ е стабилизиран, а се зголемува интензитетот на ископ во рудникот „Брод Гнеотино“.

РЕК Битола соопшти дека во тек на вчерашниот ден во функција е ставен првиот блок на електраната. Со тоа во моментов електрична енергија произведуваат првиот и третиот блок.
Ископот на јаглен во рудникот „Суводол“ е стабилизиран, а се зголемува интензитетот на ископ во рудникот „Брод Гнеотино“.
Со ова ЕСМ ги задоволува потребите на потрошувачите за електрична енергија преку производството од РЕК Битола, ветерниот парк Богданци и хидроелектоцентралите, соопштија од битолската подружница на ЕСМ.
