Битиќи: Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра
Битиќи соопшти дека во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи соопшти дека во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.
„Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра“, откри вицепремиерот Битиќи.
„Имав на гости странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 % повисока плата од просечната, нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место“- изјави Битиќи.
