Безос се повлекува од позицијата извршен директор во „Амазон“
03.02.2021 12:13
Причината за повлекувањето е желбата на Безос да се посвети на нови проекти и нови компании. Најави дека во иднина ќе се фокусира на филантропија и на неколку фондации и компании.

По 27 години од основањето на Амазон, Џеф Безос се повлекува од функцијата извршен директор. Безос, кој ќе остане извршен претседател, ќе му ги предаде управувањата на Енди Џеси, главниот извршен директор на „Амазон веб сервиси“.
Причината за повлекувањето е желбата на Безос да се посвети на нови проекти и нови компании. Најави дека во иднина ќе се фокусира на филантропија и на неколку фондации и компании.
Безос го основаше Амазон во 1994 година и компанијата прерасна во една од најголемите компании во светот, стекнувајќи богатство од 185 милијарди долари.
