Јавната расправа за концепцијата за основно образование в петок на матичната собраниска комисија
Министерката Мила Царовска денеска изјави дека таму ќе се сублимират сите ставови, ќе се изнесат забелешките и сугестиите кои стигнале до МОН за да се утврди што е конструктивно и прифатливо и да се унапреди концепцијата.

В петок напладне, на матичната Комисија за образование е закажана јавната расправа за нацрт- концепцијата за основно образование. Министерката Мила Царовска денеска изјави дека таму ќе се сублимират сите ставови, ќе се изнесат забелешките и сугестиите кои стигнале до МОН за да се утврди што е конструктивно и прифатливо и да се унапреди концепцијата.
На дебатата ќе се искажат можеби спротивставени ставови и ќе излеземе во јавност што конечно е прифатливо, што не е од забелешките, и мислам дека заеднички ќе донесеме став по ова прашање. Понатаму веќе влегуваме во фаза на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се најзначајни, затоа што концепцијата е само прв чекор, истакна Царовска.
По електронска пошта до МОН, стигнале 30-ина предлози за нацрт-концепцијата, потоа имало и дополнителни и сите, рече таа, ги разгледуваат и ги прифаќаат сѐ додека трае дебатата со сите засегнати страни во овој процес.
