Уапсен наркобосот Дарко Шариќ

18.03.2014 09:25

Паралелно белградската полиција ги уапси припадниците на групата на Шариќ, кои биле во Србија...

Во заедничка операција на властите на Србија и Црна Гора рано изутринава е уапсен наркобосот Дарко Шариќ, јави Танјуг.
 
Со реализацијата на оваа чувствителна и долго планирана акција раководеа министрите за правда на Србија и Црна Гора Никола Селаковиќ и Душко Марковиќ. Во Владата на Србија во 12 часот ќе биде одржана прес-конференција, на која ќе бидат соопштени детали од апсењето.
 
Шефот на нарко мафијата Дарко Шариќ во јавноста, поточно во медиумите прв пат се појавува во октомври 2009 година, кога медиумите пренесоа дека уругвајската полиција запленила 2,8 тони кокаин на јахтата „Мауи“, под британско знаме, во пристаништето Сантијаго Васкес, 25 километри западно од Монтевидео.
 
Во таа прилка се уапсени две лица, Уругваец и Србин, кои се обиделе кокаинот од јахтата да го префрлат на прекуокеански брод, чија крајна дестинација била Западна Европа. 
 
Паралелно белградската полиција ги уапси припадниците на групата на Шариќ, кои биле во Србија.