„Монструм“: Ивановска побара најстрога казна за обвинетите, Рауфи убеден дека случајот е конструиран
Адвокат на семејството на убиениот Кире Тричковски, Дафинка Ивановска, побара најстрога казна за обвинетите. Таа во своите завршни зборови рече и дека обвинетите со умисла го сториле делото...

Адвокат на семејството на убиениот Кире Тричковски, Дафинка Ивановска, побара најстрога казна за обвинетите. Таа во своите завршни зборови рече и дека обвинетите со умисла го сториле делото.
Адвокатот Насер Рауфи кој застапува дел од обвинетите во завршни зборови истакна дека е убеден дека овој случај е исконструиран, оспорувајќи ги доказите на Обвинителството, како и самото обвинение. Рече дека е разочаран што обвинителката Фатиме Фетаи побарала најстроги казни за обвинетите.
Случајот „Монструм“ се однесува на петкратното убиство на четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година кај Смилковско Езеро на 12 април 2012-та година.
