Царовска не отстапува- учениците ќе полагаат матура согласно законот
Министерката за образование не оптстапува дека учениците ќе полагаат матура согласно законот. Истовремено Сојузот на средношколци деновиве оствари средби со пратеници во Собранието од кои бара поддршка на нивната иницијатива, поради пандемијата годинава да се полага скратена матура. ВМРО-ДПМНЕ денеска ги поддржа матурантите и наставниот кадар, бидејќи како што велат, тие се во право и ги повика сите пратеници да го поддржат Законот бидејќи на тој начин ќе се надминат сите недоразбирања...

Министерката за образование Царовска го повтори својот став. Учениците ќе полагаат државна матура согласно законските регулативи, за кои тие заедно со Сојузот на средношколци се согласиле уште минатата година.
Матурантите веќе се пријавиле, директорите на средните училшта се потпишале, и не може процесот ретроактивно да се враќа назад. За разлика од минатата генерација матуранти кои годината ја завршија во прогласена вонредна состојба, годинава тоа не е случај- рече министерка. А државна матура не е задолжителна-порача Царовска.
„Оваа година во континуитет се одвива наставата со двонасочна комуникација меѓу наставниците и учениците, имавме успешно прво полугодие. Сите кои не сакаат да полагат државна матура, можат да полагаат училишна матура, со два предмети, и можат да полагаат стручен испит во стручните училишта и со тоа да го заокружат средното образование. Затоа што државната матура не е задолжителна. Таа е избор, а средното образование е задолжително“, рече Царовска.
Изминативе неколку дена Сојузот на средношколци оствари средби со пратениците во законодавниот дом. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ поднесе предлог закон за измени во Законот за образование и очекува подршка од сите пратеници. Пратениците од ДУИ исто така се сретнаа со претставници на средношколците, искажаа поддршка, но не и за измените во Законот најавени од ВМРО-ДПМНЕ.
Марина Стојанова- Тонева
