Филипче: Вакцинацијата ќе почне овој месец со 200.000 кинески вакцини

03.02.2021 14:45

Првите вакцини кои ќе стигнат во земјава ќе стигнат од Кина и со нив ќе почне имунизацијата, најави министерот Филипче. Станува збор за 200 илјади дози за кои транспортот ќе го организира Министерството...

Првите дози вакцини против Ковид- 19 ќе стигнат од Кина овој месец и со нив ќе почне процесот на имунизација во земјава, најави министерот за здравство Филипче. Станува збор за 200.000 вакцини за кои транспортот ќе го организира министерството.

Први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, по што ќе следуваат и сите други категории граѓани. Филипче уверува дека во вакцинацијата нема политика и здравјето е приоритет.

Сѐ уште се чека на дозволата за вакцините од „Фајзер“, дополнува министерот. Во изминативе 24 часа во ковид- центрите во Скопје се згрижени 16 нови пациенти поради компликации со коронавирусот. Вкупно 240 се водат како сомнителни случаи.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска