Оризопроизводителите најавуваат блокада на патот Штип-Кочани и бојкот на пописот и локалните избори
Оризопроизводителите од кочанскиот регион планираат блокада на патот Штип – Кочани доколку не им бидат исплатени субвенциите. Бараат повисока откупна цена и навремена испорака на водата што е клучен предуслов за навремена сеидба. Доколку не се решат овие прашања, најавуваат бојкот на пописот и локалните избори годинава...

Целосна блокада на регионалниот пат Штип – Кочани најавуваат оризопроизводителите, доколку до 15-ти овој месец не им бидат исплатени субвенциите. Не се задоволни од висината на субвенционирањето по хектар и бараат оризовата арпа да се откупува за 25 денари, а белиот ориз од 55 до 60 денари.
Доцнењето на субвенциите и неисчистените канали ќе резултира со намалување на површините под ориз за повеќе од една третина, велат производителите.
Во кочанскиот регион оризот е застапен на околу 3.200 хектари, а од него егзистираат околу 3.500 семејства. Откупот го вршат десет откупувачи на оризова арпа.
Славица Величковска
